Повеќе од 80 точки на денешната владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница на која ќе расправа за прашања од повеќе области.
Покрај разгледувањето на состојбите во процесот на евроатланската интеграција и користењето на ЕУ фондовите, Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со изградбата на Националната арена „Филип II Македонски“ и информацијата за активностите за изградба на отворен базен, затворена тениска арена со гимнастичка сала и сала за боречки вештини во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
На седницата се очекува да биде разгледана и информацијата за потребата од потпишување на анекс кон Договорот за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица, како и информации за постапките за доделување концесии за вршење детални геолошки истражувања на минерални суровини на повеќе локалитети.
На дневен ред на седницата се ставени и Предлог-одлуката за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар и Предлог-методологијата за изменување на Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите.
Меѓу дел од точките на дневен ред се и Информацијата за реализација на проектот за комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Предлог-одлуката за прогласување на Спомен-куќата на Лазар Личеноски за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
