Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик
Повеќе од 90 луѓе загинаа откако брод вчера се преврте крај северниот брег на Мозамбик, соопштија локалните власти, пренесе ДПА.
Луѓето кои се наоѓале на бродот бегале од епидемија на колера и патувале од Лунга до островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јавија локалните медиуми.
Рибарскиот брод можел да собере најмногу 100 луѓе, изјави претставник на управата на островот за телевизијата СТВ. Сепак, на бродот имало околу 130 луѓе.
Новинската агенција АИМ, повикувајќи се на претставник на поморската управа, објави дека бродот се превртел поради високи бранови.
Мозамбик моментално е погоден од најголемата епидемија на колера во последните 25 години, според организацијата на ОН за помош на децата – УНИЦЕФ.
Од почетокот на епидемијата во септември 2022 година, пријавени се повеќе од 37. 000 случаи.
Ново на Сител
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
