Повик до кумановските уметници да аплицираат за проекти за 2017 година
Ликовните уметници, кои имаат проект за излжба за 2017 година и планираат да ја реализираат во соработка со НУ Музеј - Куманово, имаат можност да соработуваат со Уметничка галерија и да аплицираат до Министерството за култура на Република Македонија во Програмата за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2017 година, соопштија денеска одговорните од оваа установа.
- Лани имавме дваесетина ликовни уметници кои реализираа изложби подржани од Министерството и можам да кажам дека сме задоволни од одѕивот. Очекуваме и годинава да се пријават заинтерсираните и од државата и од регионот. Инаку, повикот трае до јуни, изјави Драгана Спасковска, кустос од Уметничката галерија Куманово.
Денеска, и од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повикаа ликовните уметници, автори од областа на литературата и издаваштвото како и музички репродуктивци кои имаат проекти за 2017 и кои планираат да ги реализираат во соработка со НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, да се информираат во Националната установа и да аплицираат до Министерството за култура на Република Македонија во Програмата за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2017 година.
- И лани имавме одличен одѕив кај уметниците кои доставија над 20-тина проекти од ликовната дејност, 12 за музичко-сценската дејност, дваесетина за литературно творештво и два за фолклор, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметнност од НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Ново на Сител
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати