Повлечено предупредувањето за можни поплави во северозападна Франција
Француските власти денеска го повлекоа предупредувањето за можни поплави на речиси половина од територијата на северозападниот регион Нормадија, што беше објавено вчера.
- Минатата ноќ имаше неколку излевања на Сена во градовите Елбоф и Руан, но тие беа со ограничен и локален карактер, соопштија утрово властите на департманот Сен Маритим.
Властите вчера објавија дека очекуваат водата во реката Сена во Нормандија да достигне максимлано ниво околу три часот изутринава, што може да претставува опасност за нејзино излевање од коритото и предизвикување поплави.
Во меѓу време, властите информираа дека нивото на Сена во Париз минатата ноќ паднало под шест метри и во три часот изнесувало 5,85 метри, што се уште е околу четири метри над нормалното ниво на реката.
По намалувањето на опасноста од поплави во Париз, денеска по неколку дена неработење повторно беше отворен изложбениот центар Гран Пеле, кој се наоѓа на брегот на Сена. Засега се уште затворени остануваат музејот Лувр и неколку станици на париското метро.
Во полавите во Франција, предизвикани од поројните дождови, животите ги загубија четири лица.
Вкупниот биланс на жртвите од поплавите што изминативе денови ја погодија Европа изнесува 18 лица, од кои покрај четирите во Франција, 11 ги загубија животите во Германија, две во Романија и едно во Белгија.
Ново на Сител
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз