Повреден 12-годишен велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Дете на возраст од 12 години денеска е удрено од автомобил додека се возело со велосипед улицата Љуботенска во Тетово.
Возачот откако со возилото го удрил и соборил малиот велосипедист од Мала речица, наместо да застане и да му укаже помош на повреденото дете, веднаш побегнал од местото на сообраќајката.
Детето кое се здобило со телесни повреди е префрлено во тетовската клиничка болница каде му е укажана прва помош, а потоа бил пуштен дома.
Полицијата трага по несовесниот возаќ.
Од СВР Тетово информираат дека годинава во сообраќајки во Тетово вкупно биле повредени 52 пешаци од кои 15 се здобиле со потешки телесни повреди, а 37 поминале со полесни повреди.
Во последните 9 месеци имало и 38 повредени велосипедисти и мотоциклисти од кои петмина се здобиле со тешки телесни повреди.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
