Македонија
19. January 2019 - 15:15

Повреден работник во Железара

Вработен во фабриката Железара се здобил со тешки повреди. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 20.26 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар Скопје било пријавено дека бил донесен И.З.(43) од Свети Николе, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во приватна фирма лоцирана во кругот на Железара. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.