Македонија
26. July 2018 - 11:27

Повреден велосипедист во Кочани

Повреден велосипедист во Кочани. Според информациите на МВР, вчера во 15:55 часот било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ман“ со кочански регистарски ознаки управувано од З.М.(50) од Кочани и велосипед управуван од Ј.А.(79) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.