Повредени 4 лица во сообраќајка помеѓу автомобил, мотоцикл и мопед во Визбегово
Сообраќајна незгода во скопско Визбегово помеѓу автомобил и два мотоцикли во која што сп тешки телесни повреди се здобиле двајцата мотоциклисти и двајцата нивни сопатници.
- На 26.02.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во с.Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(26) од Скопје, мотоцикл „хонда“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(18) од Скопје и мопед „лифан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобиле двајцата мотоциклисти и двајца сопатници на мотоциклите, С.Е.(19) и 15-годишник од Скопје, соопштуваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
