-->
-->
Повредени четири лица во сообраќајка во Скопје
-->
Вчера во 22.15 часот било пријавено дека на крстосница на бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје, велат од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница