Повредени осум лица во Скопје
Осум лица се повредени во пет од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, петмина поминале на крстосница на црвено светло, исто толку не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца се санкционирани за неправилно престројување, четворица за неправилно престигнување и тројца возачи кои не дале првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Од сообраќај биле исклучени шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 74 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Христијан Т. Карпош“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Ново на Сител
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ