Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба
Повредениот од тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Миладиновци е во стабилна состојба.
-Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и контузии на белите дробови. Ќе биде задржан на опсервација неколку дена, рече доктор Јакупи.
Во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар од патарината кај Кадрифаково, загинаа три женски лица на возраст од 15, 37 и 62 години. Според првични информации, жртвите се во роднинска врска и се превезувале во возило шевролет „калос“ со скопски регистерски таблички, во кое имало уште две лица.
Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четири лица. Како дошло до судир меѓу возилата тојота „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички се уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата „тојота „ланд крузер“ управувана од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се повредени и возилото „шеворлет калос“ со скопски таблички управувано од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало и 12-годишно момче и трите жртви.
Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи.
Полицијата и обвинител вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“