Повторно хаос во албанскиот Парламент
Пленарната седница во албанскиот законодавен дом, како и изминатите неколку претходни, почна во тотален хаос, откако пратениците од опозицијата запалија димни бомби, удираа по собраниските маси и говорницата ја блокираа со столчиња.
Припадниците на Националната гарда, задолжени за обезбедувањето, се обидуваа да им ги одземат димните бомби од рацете на пратениците. При тоа пратеникот на Демократската партија, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, беше исклучен од Собранието откако фрли димна бомба и нападна припадник на гардата, кога се обиде да му ги одземе бомбите, кои му ги давала сопартијката Албана Вокши.
Предупредувањата на собранискиот спикер Линдита Никола да се повикаат на одговорноста што ја имаат, беа залудни, по што седницата беше одложена.
Координаторот на демократската пратеничка група, Газмент Барди изјави дека Собранието е во „аномалија“ и оти на опозицијата и се ускратува правото да ја контролира власта.
– Парламентот ја загуби својата претставничка мисија, безбедносните сили спроведуваат незаконски наредби, обвини тој.
Реагираше и Сали Бериша, кој ја предводи побројната пратеничка група на демократите.
– Ова беше седница на срамот. Денешната граѓанска непослушност е последователниот успех на пратениците од опозицијата, рече тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето