Повторно рекорден број новозаразени со Ковид-19 во Албанија
Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи со Ковид-19 во едно деноноќие.
Според Министерството за здравство и социјална заштита од направените 546 тестови позитивен резултат е добиен кај 130 од нив, што е највиска бројка досега од почетокот на пандемијата во првите денови на месец март.
Албанската метропола продолжува да биде главно жариште на болеста. Од последно потврдените нови случаи над половина или 72 се токму од Тирана, каде се половина и од активните случаи или 1.404 лица.
Во исто време во списокот на оздравени внесени се 23, а починале четири лица.
И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата, на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ позната како болница Ковид 2, се третираат 116 пациенти од кои 30 во тешка здравствена состојба.
Во Албанија до сега направени се 43.203 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.750, битката со опасниот вирус ја добиле 3.054, а ја изгубиле 176 лица.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи