Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити

Конечната одлука во случајот со обвинувањата за Манчестер Сити нема да биде објавена пред летото, тврди „Дејли Телеграф“.
Рочиштата завршија во декември, а пресудата се очекуваше да биде објавена околу март-април. Комплексноста на случајот, вклучително и количината на докази што се слушнаа, оспорени и проверени, го направија случајот уште потежок.
Обвиненијата првично беа 115, но потоа се зголемија на околу 130 поради конфузија околу некои од правилата за одредени сезони.
Премиер лигата покрена обвиненија во февруари 2023 година, но истрагата датира скоро шест и пол години.
Доколку „граѓаните“ бидат прогласени за виновни, се соочуваат со строги санкции, од одземање бодови до исфрлање од елитата. Од „Етихад“ тврдат дека се невини и дека не се загрижени за конечниот исход на случајот.
Откако Ерлинг Халанд и Пеп Гвардиола потпишаа нови договори пред неколку месеци, се појавија шпекулации дека клубот веќе знаел дека нема да има строги санкции.
И останатите клубови од Премиер лигата со нетрпение го очекуваат конечниот исход и се подготвени да поднесат тужби за изгубени добивки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
