Пожар меѓу селата Моштица и Саса

Меѓу селата Моштица и Саса попладнево избувна пожар на тешко пристапен терен во близина на македонско-бугарската граница. Пожарот е видлив и од Македонска Каменица.
-На лице место сме, пожарот е на граничната линија со Република Бугарија меѓу селата Саса и Моштица. Во акцијата за гаснење учествуваме четири луѓе од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, двајца вработени од Шумското стопанство и двајца од Граничната полиција, информира Александар Јовановски, командира на ТППЕ Македонска Каменица.
Екипите, како што вели, ќе останат на терен за да имаат целосен увид во состојбата.
-Во пожарот е зафатена сува трева, а среќна околност е што во близина има снег. Да се надеваме дека пожарот ќе се стабилизира, односно нема да се прошири, додава Јовановски.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
