-->
-->
Пожар на автомобил во Кавадарци
-->

Автомобил “крајслер” со американски таблички опожарен е синоќа во Кавадарци на улица „29 Ноември“, потврди портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Според првичните информации, претходно сопственикот на возилото кој е од Кавадарци, имал проблем со десниот преден фар, па го поправал. Најверојатно потоа настанало самозапалување од краток спој, по што по 22 часот автомобилот се запалил во делот на моторот. При пожарот, најголемо оштетување има во предниот дел на автобилот.
Припадници на Полициска станица од општа надлежност - Кавадарци направиле увид на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
