Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села

Порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беше испратена до жителите и сите оние кои се наоѓаат во пет села на Парос поради пожарот во јужниот дел на островот, а противпожарните сили се засилуваат со пожарникари од Атина и соседните острови, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот гори отпад и ниска вегетација, а областа не е густо населена, туку постојат само расфрлани куќи, но сепак преку пораката од 112 првично беше побарано од жителите и посетителите од пошироките подрачја на четири населени места, а подоцна на уште едно да се евакуираат.
На терен интервенираат десет пожарникари со пет противпожарни возила, меѓу кои и двајца пожарникари со едно возило кои со траект пристигна од соседниот остров Наксос, од воздух се гасне со три хеликоптери и девет авиони, а помагаат и доброволци, како и цистерни од општината.
Паралелно, со хеликоптер за координација на островот се упатува заменик-началникот на Противпожарната служба, а со втор хеликоптер се транспортираат седум пожарникари за дополнително засилување на копнените сили.
Дополнително, со брод на Крајбрежната служба кон Парос од Сирос се упатуваат регионалниот командир на противпожарните служби за островите од јужниот дел на Егејското море и шест пожарникари.
Планирано е со траект на островот да пристигнат и двајца пожарникари со едно возило од Сирос, четворица пожарникари со две возила од Наксос, како и десет пожарникари со пет возила од Мобилната специјална единица за противпожарни интервенции од атинското пристаниште Пиреас.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
