Пожар на сува трева и мала површина на борова шума во Овче Поле
Гори сува трева и борова шума во атарот на светиниколското село Богословец. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека зафатени се околу 30 хектари сува трева и мала површина на борова шума. Огнената стихија се спушта од селото Богословец и оди во правец кон експресниот пат Штип – Велес.
– Пожарот е далеку од екпресниот пат Штип – Велес, гасењето го отежнува ветерот. На терен веќе три часа се 10 пожарникари и околу 30 лица од доброволното Противпожарно друштво на Свети Николе, вработени во Национални шуми и од светиниколското комунално претпријатие, изјави Велковски.
Поради силниот, но топол ветер, мирисот на чад се чувствува и во првите населби во Штип, па штипската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) добива постојано повици дали имаат некаде активен пожар.
Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, изјави дека во штипскиот регион нема повици за активни пожари. Во моментов дел од штипските пожарникари се во Пехчево, и на два дена ротираат, со цел да се спаси Малешевско-пијанечкиот регион.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Не евидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка