-->
-->
Пожар над каменичкото село Моштица, горат дабова и борова шума
-->

Гори борова и дабова шума над каменичкото село Моштица во месноста Далевско маало.
Според ЦУК - Делчево, пожарот е пријавен во 14:20 часот и првично зафатил сува трева по што се проширил во околната борова шума.
- Засега не можеме со сигурност да кажеме колкава површина е зафатена, но според првичните пресметки зафатени се 10 хектари дабова и борова шума. Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и со помош на ветерот огнот се шири со голема брзина, истакна Драган Балас од ЦУК - Делчево.
Тој потенцираше и дека во гаснењето на пожарот, освен лица од ЈП Македонски шуми, вклучлени се и екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и од ЈП „Камена Река“, месно население, а на помош се викнати и пожарникари од Делчево и Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
