Пожар во куќа во тетовско, причинета само материјална штета
Околу 600 илјади денари штета претрпел Џ.З.(47) од тетовското село Ларце по пожарот што вчера попладне ја зафатил неговата куќа во селото. Според податоците на портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски пожарот од засега непознати причини избувнал околу 17 часот.
- Пламени јазици најпрво ја зафатиле дрвената конструкција од покривот на куќата што бил покриен со ќерамиди а набрзо потоа се прошириле и во двете соби и ходникот на приземјето кои целосно изгореле како и комплетната покуќнина во нив. Во пожарот за среќа нема повредени лица а со интервенција на тетовските пожарникари огнот по извесно време бил локализиран. Вкупната материјална штета, според проценките на сопственикот на куќата, изнесува околу 600 илјади денари рече Јосифовски.
Екипа на СВР Тетово денеска извршила увид на опожарениот објект и се работи на расветлување на причините и се друго поврзано со вчерашниот пожар.
Ново на Сител
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби