-->
-->
Пожар во ноќен клуб во Букурешт
-->

Десетина лица се повредени во пожар кој избувна синоќа во ноќен клуб во Букурешт, изјави државниот секретар во романското Министерство за внатрешни работи, Раед Арафат.
Во болница биле пренесени 38 лица, но само десетмина се хоспитализирани.
- Спасувачки екипи се уште проверуваат дали во објектот има настрадани, истакна портпаролот на Инспекторатот за вонредни ситуации Даниел Василе.
Засега се уште не е познато кои се причините за инцидентот.
Ноќниот клуб „Бамбу“ е еден од најпознатите во Букурешт. Тој се наоѓа на брегот на езерото Теи на површина од околу 4.000 метри квадратни. Ова не е прв ваков инцидент во овој клуб, кој беше целосно уништен од пожар во 2005 година, но потоа е реновиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
