-->
-->
Пожар во скопската населба Радишани - едно лице тешко повредено
-->

Пожар во семејна куќа во скопската населба Радишани, едно лице повредено.Како што информираат од МВР, вчера во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Радишанска“ настанал пожар на терасата од куќата сопственост на П.С.(73) од Скопје. Пожарот, според пријавеното, настанал откако П.С. запалила стари алишта, при што била зафатена балконската врата.
Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ
-

Се фалсификувале документи за „Мерцедес-Мајбах“ и Буџетот се оштетил за 1,9 милиони денари
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
