Македонија
25. January 2020 - 19:43

Пожар во средното Ветеринарно училиште

Вчера во 10,39 часот, во СВР Скопје, било пријавено дека во средното училиште “Браќа Миладиновци“ во населбата Драчево во делот кој го користеле како зоолошка градина, кој е во склоп на училиштето, избувнал пожар, при што опожарени биле 320 бали слама и 350 бали сено, а зафатен бил и дел од летниковец. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.