Балкан
25. December 2022 - 15:29

Пожар во станбена зграда во Софија, загинаа три лица

Три лица загинаа во пожар во зграда на улицата Бачо Киро во Софија, соопшти бугарското министерство за внатрешни работи. Пожарот бил пријавен нешто по 1 часот по полноќ.

Меѓу загинатите има 55-годишна жена и 35-годишен маж. Еден од загинатите бил потстанар, пишува bTV.

Во куќата имало уште четири лица кои успеале да излезат.