Пожари во Гевгелија и штипско Караорман

Изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал два пожара на отворено, кои биле изгаснати од страна на противпожарните екипи.
На запалена ниска вегетација на влезот во Гевгелија било интервенирано синоќа од 18 до 18.50 часот од тим од тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Запалена ниска вегетација горела и во штипското село Караорман. Од 17.45 до 19 часот, огнот го гаснеле седуммина пожарникари со три противпожарни возила.
ЦУК регистрирал вкупно 2.053 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112, изминатите 24 часа. Како реални биле категоризирани 53,29 проценти од повиците.
- Кон полицијата биле упатени 56,64 отсто, кон Итната медицинска помош - 27,73 проценти, а кон пожарникарите - 2,06 отсто, од реалните повици, се наведува во соопштението.
Од ЦУК додаваат и дека за денеска во Скопската котлина, има најава за прскање против комарци, авионско и од земја. Во општините Битола и Новаци, предвидено е прскање против комарци и денеска и утре.
- Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
