Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола
Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола.
Гаснењето продолжи од 6 часот утрово. Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат шеесетина лица.
Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот.
-Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат трите авиони „Ер Трактор“ на ДЗС, како и два хеликоптери на МВР, информираше Стојанов.
Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, кој е на местото на пожарот, засега нема опасност од негово проширување.
-Со сите расположиви сили се обидуваме да го заобиколиме пожарот и да не дозволиме негово повторно избувнување. Засега се оди според планот и договореното од синоќешната координација. Доколку за неколку часови не дојде до повторно разгорување на пожарот ќе успееме да го локализираме и изгаснеме, изјави Шапов за МИА.
Според него, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
