-->
-->
Познат психолог советува: Ако некој сака да се откаже од пушењето, прво мора да биде среќен
-->
Решението за да се остават цигарите лежи во нас, смета рускиот психолог.
Сите сме свесни од опасноста која никотинот ја предизвикува. Непоправливите штети по нашето здравје. Оваа лоша навика го уништува кардиоваскуларниот систем и влијае на нивото на крвниот притисок. Крвните садови кај пушачите најчесто се затворени, што доведува до срцев удар и други болести. Респираторниот систем го памети секој вдишан чад. Тој ви враќа со постојано кашлање кој прераснува во хроничен бронхит, ларингит и на крај со карцином.
Пушачите често имаат чир и гастритис. Жените-пушачи имаат цисти на јајниците, а мажите проблеми со простата.
Пушењето може да се изедначи со зависност.
Според Михаил Литвак, познат руски психолог, луѓето кои ја имаат оваа зависност се оние кои не ги развиле своите својствени способности и не ја нашле својата омилена работа. Таквите луѓе може дури и да бидат успешни, но не и во полето за кое сонувале да бидат. Тие сфаќаат дека не го постигнале она
што можеле, се чувствуваат фрустрирани и вознемирени.
Исто така, пушачите се луѓе кои не се за вљубиле и не добиле доволно среќа.
За да престанете со пушењето треба да бидете среќни. Но, само мал број луѓе ќе ги остават цигари и ќе започнат да работат на личната среќа. Сите други ќе се обидат да го решат проблемот со цигара во забите. Кога ќе видат што е проблемот, ќе биде доцна, вели Литвак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња