-->
-->
Позната состојбата на Аки Рахимовски откако доживеа мозочен удар
-->
Фронтменот на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски доживеал полесен мозочен удар.Како што се наведува во соопштението на официјалните страни на групата на Фејсбук и Инстаграм, пејачот се чувствувал подобро.
Бендот, меѓутоа, ги откажал сите концерти на неодредено.

-Аки имаше полесен мозочен удар и иако сега се чувствува подобро, потребно е некое време да намали со обврските и да се посвети на заздравувањето. Сериозно ја сфаќаме нашата работа и не би сакале да ве разочараме, вас кои се радувавте на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место, се наведува во пораката.
Весникот 24сата наведува дека Рахимовски по излегувањето од болница им рекол дека е добро.
-Не грижете се, добро сум. Не ништо страшно, рекол пејачот.
Неговиот колега од бендон Хус потврдил дека Рахимовски не е во животозагрозувачка состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
