Познати номинираните за наградата Сахаров на Европскиот парламент
Чан Дундар, новинар и бранител на слободата на изразувањето во Турција, Мустафа Џемилиеф, лидерот на Кримските Татари, Надја Мурад Басс и Аџи Ламија Башар, преживеаните од Језиди заедницата од масакрите на Даеш и Илхам Тохти, ујгурски активист, се номинирани за наградата Сахаров 2016 година. Лауреатот ќе биде избран на 27 октомври, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Поранешниот уредник на турскиот весник Џумхуриет, Чан Дундар беше уапсен во ноември 2015 по објавувањето во неговиот весник на фотографии од турските разузнавачки служби, кои им обезбедуваа оружје на сириските бунтовници. Дундар беше осуден на пет години и десет месеци затвор за "откривање на државни тајни". Тој го преживеа обидот за атентат, а сега живее во егзил.
Дундар е номиниран од страна на Групата на зелените / Европската слободна алијанса, група за Европа на слободата и директна демократија и група на Европската обединета левица / Нордиска зелена левица.
Мустафа Џемалиеф се бори за човековите права и малцинствата повеќе од половина век. Поранешниот претседател на Собранието на Кримските Татари, поранешен советски дисидент и украински пратеник, тој беше депортиран со своето семејство на возраст од шест месеци во Централна Азија. Како и многу други Татари од Крим, тој се врати 45 години подоцна. По анексијата на Крим од страна на Русија, тоа повторно му е забрането.
Тој беше номиниран од страна на Групата на Европската народна партија и Европските конзервативци и реформисти.
Надја Мурад Басс и Аџи Ламија Башар, се преживеаните од Језиди заедница од злосторствата на Исламската држава. По потекло од Кочо, ирачки град масакриран од страна на ИСИС во текот на летото на 2014 година, тие се меѓу илјадници девојки и млади жени киднапирани и принудени на сексуално ропство.
Тие беа номинирана од страна на Алијансата на либералите и демократи за Европа и на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент.
Илхам Тохтисе залага за малцинските права на Ујгурите во Кина. Осуден на доживотен затвор, тој беше осуден за "сепаратизам" како ко-основач на веб-сајтот Ујгурски онлајн за да се олеснат односите меѓу Ујгурите и Кинезите Хан.
Тој беше номиниран од страна на пратеникот Илхан Кичулук од Бугарија и 42 други пратеници.
Наградата Сахаров за слобода на мислата е парична и е во висина од 50 илјади евра. Се доделува од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободи. Се доделува секоја година од страна на Европскиот парламент.
Минатата година наградата му беше доделена на Раиф Бадави, саудиски блогер и бранител на човековите права. Уапсен во 2012 година, тој беше осуден на 10 години затвор и 1000 удари со камшик и голема парична казна за навреда на исламските вредности на својата веб страница.
Ново на Сител
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед
-
Полицајци им помагале на затвореници да бараат дрога, се правдале дека барале часовник земен од затворското куче
-
Судскиот совет го „чешла“ предметот за пресудата на смртно прегазената 22-годишна Теодора Ристовска
-
Судење за модуларната болница - изградбата по спецификација, роднините примиле обештетување од болницата
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи