Познатиот актер во врска со 38 години помлада актерка
Откако глумецот Лиам Нилсон неодамна изјави дека е во врска со „неверојатно славна“ жена, интернетот „збудале“.
„Дежурни детективи“ веќе со денови се обидуваат да дознаат која е мистериозната позната жена, која успеала да го освои срцето на славниот актер, седум години по смрта на неговата сопруга Наташа Ричардсон.
Се започна кога Нилсон проговори за својот љубовен живот во интервјуто за „Ајриш Индепендет“, но одби да ја открие најважната работа.
- Би се посрамотил, кога би го открил нејзиното име, неверојатно е славна, рече глумецот и предизвика „лавина“.
Фановите на славниот глумец се убедени дека најверојатна кандидатка за девојка на 63-годишниот Лиам е 25-годишната ѕвезда на филмскиот серијал „Самрак“ Кристен Стјуарт.
- Кога ги прегледувате фотографиите на популарниот фотографски сервис од ноќниот клуб „Тао“ во Њујорк, ќе видите дека во него на 5 јануари биле само две славни личности. Тие две личности се Лиам и Кристен, иако е тоа неочекувано, сепак има смисол, Кристен е неверојатно славна и посакувана и неодамна ја прекина врската со нејзината девојката Алиша Каргил, пишува „Џезбел“.
Сепак популарниот таблод, признава дека ваквата информација е поткрепена со многу слаби докази.
Ново на Сител
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово