-->
-->
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дебатираат за Буџетот за 2018 година
-->
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на собраниската седница на која на дневен ред е Буџетот за 2018 година, ниту на другите две седници закажани за попладнево. Пратеничката Ане Лашковска изјавата ја даде пред префрлувањето на седницата за Буџетот за 22 декември, непосредно пред нејзиниот почеток.
-Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење на пратеници, на уметници, на луѓе кои што си ја сакаат Македонија, изјави Лашковска.
Не одговори кога пратениците ќе се вклучат во работата на собраниските тела и пленарни заседанија. Прифатените амандамни од опозицијата за Буџетот смета дека се лицемерие од страна на Владата бидејќи нивните амандани се многу мала сума за „најобемниот Буџет“ на земјата досега.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
-

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела
