-->
-->
Права и обврски за заштита на жиовотната средина
-->
Стопанската комора на Македонија во соработка со УСАИД денеска со преку 30 фирми од регионот одржа информативна сесија насловена „Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот“.
Според Јдранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија ова е четврта сесија од планираните 18 низ Македонија, а прва која се однесува на законската регулатива и примената за заштитата на животната средина.
- Почнавме серија од информативни средби, пред се со малите и средни претпријатија во земјава за теми кои се проблем за стопанствениците. Во нашите анкети, половината од македонските фирми се изјаснија дека имаат проблем со законската регулатива во областите на царината, даноците, работните односи и во заштитата на животната средина. Оваа е прва средба од областа на правата и обврските во примената на законската регулатива за животната средина. Преку дискусии сакаме да ги детектираме проблемите и доколку е потребно и институционално да реагираме за нивна промена, вели Аризанковска.
Тамара Тодоровска од Епи центарот Интернационал смета дека експертите кои се ангажирани ќе ги појаснат состојбите.
- Преку дискусиите треба да се образложат проблемите и да се регулира практичната примена на законските регулативи. Планирани се 18 инфо-сесии низ Македонија. Оваа е четврта. Првите три се однесуваа на регулативите во царината, даноците и работните односи, а оваа е прва што ја опфаќа областа на животната средина, истакнува Тодоровска.
Според консуслтантот, експерт Славјанка пејчиновска Андонова, Македонија со дури 90 насто преку 100-те законски прописи ги усогласила со оние од Европската унија. Но проблем е практичната примена.
-Денеска опфативме повеќе области на дискусија зашто очигледно е дека на малите и средни фирми им е проблем практичната примена. Ги опфаќаме областите од градежништвото, обезбедувањето еколошки дозволи, регулативите во отстранувањето на отпадот, и оној електричниот. Треба да се имаат предвид забелешките на фирмите и доколку е потребно да се усогласат со прописите, вели Дојчиноска Андовска.
Кога станува збор за заштитата од загадувањето на воздухот, повата и водите, според Дојчиновска Андоновска треба сите општини да изготват катастар на загадувачи за да се детектираат изворите на загадувањето. Засега само една општина во земјава го направила тоа.
- Неопходни се такви катастари на загадувачи зашто секоја област во земјава има разни извори на загадување. Некаде е воздухот, како во Скопско, Кумановско, некаде се други загадувачи. Битно е да се детектираат изворите за да се бараат решенија. Во моментов само општината Карпош има катастар на загадувачи, вели Дојчиновска Андонова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката