Православен молитвеник издаде Лешочкиот манастир
Манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ од тетовски Лешок издаде нов православен молитвеник на 176 страници.
Содржината со православни молитви е поделена во категориите: Утрински молитви, Вечерни, Молитви во текот на денот и за разни потреби, Кратки молитви, Mолитви пред и по секоја причест, Акатист кон Пресвета Богородица и Катихизис.
-Заради сета возвишена полезност на молитвата, Епархискиот црковно-просветен совет на Тетовско-гостиварската епархија реши да го издаде овој „Православен молитвеник“ што треба покрај Светото Писмо да е присутен во секој христијански дом. Да се моли значи да се комуницира со Бога со искрени желби и надеж дека овој молитвеник ќе ви помогне во делото на молитвата, вели во поговорот митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Главен уредник на изданието е владиката Јосиф, технички уредник протопрезвитер Александар Стојановски, а лектурата е на ѓакон Ѕвонко Трпевски. Молитвеникот може да се најде во црквите и манастирите на Тетовско-гостиварската епархија.
Ново на Сител
-
Неверемето со град предивика поплави и сообраќаен хаос во Баварија
-
РЕК Битола работи со еден блок, постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден
-
Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија
-
УЈП: Регистрирајте го готовинскиот промет преку фискален систем на опрема
-
Ѓоковиќ сака да го повтори рекордот на Федерер на Вимблдон
-
Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато
-
Киев реагира на најавата од Белгија дека ќе испорача 30 авиони Ф-16 дури во 2028 година
-
Украински дрон погоди скадиште за нафта во Ростовската област