Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад - Белград
Пред српското Собрание има зголемено присуство на полицијата, и според белградски медиуми паркирани се десетина патролни возила и и едно полициско комбе.
Полицајци се распоредени пред службениот влез на Собранието. Голем број продавници низ Белград се затворени, јавија белградските медиуми.
Пратениците и советниците од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.
„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите.
Го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Х.
Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.
„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.
Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис