Предавање на Цихочки во Музејот на современа уметност
Водечкиот куратор во Музејот на модерна уметност во Варшава, Себастијан Цихочки, вечер во Музејот на современата уметност во Скопје ќе одржи отворено предавање и дискусија на тема „Ова е уметност и уметноста е многу нешта”.
Настанот е дел од 6. Интернационален симпозиум „Кураторски размени: Простори, функции, фикции и други заеднички именители“ организиран од Проектен простор Прес ту егзит.
Насловот на предавањето го парафразира насловот на изложбата: „Ова е изложба, и изложбата е многу нешта“ во S.M.A.K. во Гент (1994), опишана како „забавна палата, урнебесна соба, дисконт магацин, музеј без ѕидови, пустелија и кабинет за куриозитети на прекрасното и безначајното“.
Цихочки кој живее и работи во Варшава, е куратор, писател и уметнички критичар, водечки куратор во Музејот на модерна уметност во Варшава и куратор на Sculpture Park во Bródno дистриктот во Варшава. Во периодот од 2005-2008 година бил директор на Центарот за современа уметност Kronika во Битом, Полска. Главниот фокус на неговото истражување е пост-уметничкото и 1:1 размерните практики, концептуалните рефлекси во уметноста, ленд артот, теоријата на нештата и книгата како форма на изложба. Цихочки е куратор на голем број самостојни и групни изложби, вклучувајќи го претставувањето на Monika Sosnowska на полскиот павилјон на 52. и Yael Bartana на 54. Биенале во Венеција. Има реализирано голем број експериментални изложби во форма на книги, либрета, како и резиденциски програми и предавања.
Ново на Сител
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен