Бизнис
6. November 2017 - 8:58

Предлог-буџетот за 2018 ќе биде презентиран пред бизнис заедницата

Стопанската комора на Македонија денеска организира презентација на Предлог-буџетот за 2018 година пред бизнис заедницата. 

На настанот, како што е најавено од Стопанската комора на Македонија, ќе присуствува министерот за финансии Драган Тевдовски кој ќе ги презентира проекциите во Предлог-буџетот и планираните макроекономски остварувања. 

- Вклучувањето во процесот на консултации во фаза кога се креира буџетот, ќе овозможи бизнис заедницата да даде конкретни предлози кои ќе имаат развоен каратер, а ќе биде од големо значење и заради навремено запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година, велат од Стопанската комора на Македонија.