Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради ризик од зголемен обем за влез и транзитирање на мигранти на Комисијата за одбрана

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија.
Во образложението објавено на собраниската веб-страна се посочува дека Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 11 декември 2025 година, го разгледала Записникот од Осмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи одржана на 9 декември 2025 година, го прифатила предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврдила потребата да се продолжи кризната состојба до 31 декември 2026 година.
-Со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Северна Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, Владата на Република Северна Македонија заклучи да побара од Собранието на Република
Северна Македонија да ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, односно, во времетраење до 31 декември 2026 година. Во прилог кон Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, се доставува и Записникот од Осмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, одржана на 9 декември 2025 година и Записникот од Седмата седница на Групата за процена, одржана на 9 декември 2025 година, се вели во образложението.
За време на целиот овој период, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, во комуникација и соработка со сите надлежни државни институции континуирано и редовно ја следи состојбата во подрачјaта на дел од територијата на Република Северна Македонија каде е прогласена кризна состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
