Предлог-законот за ЈО е во собраниска процедура, се чека седницата да почне
Предлог-законот за јавно обвинителство што беше доставен во Собранието бил повлечен, но потоа повторно е пратен во собраниска процедура. Од Министерството за правда за МИА информираат дека законот бил повлечен заради техничко усогласување во две одредби.
Собраниската седница на која треба да се утврди потребата од донесување на законот по скратена постапка се уште не е почната, а беше закажана за 17 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека седницата ќе се одржи.
Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил пред околу два часа објави фотографија со координаторот на пратеничката група на СДСМ на која напиша – Чекаме да почне седницата.
– Чекаме да почне седницата… На сликава е Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, а не претседателот на Собранието… Ова колку да нема дезинформации…, напиша Дескоска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра