Предлогот на Трамп за реформи на ОН доби поддршка од 120 земји
Документот за реформи на ОН, што ќе го предложи американскиот претседател Доналд Трамп на претстојното заседание на Генералното собрание на Светската организација, досега доби поддшка од 120 земји, соопшти постојаниот претставник на САД во Обединетите нации, Ники Хејли.
Таа најави дека на иницијатива на САД, високи претставници на овие 120 земји в понеделник ќе одржат еднодневна средба во седиштето на ОН.
Хејли додаде дека на средбата ќе биде разгледан Предлог-документот за реформи на ОН и на учесниците на потпис ќе им биде доставена Декларација со која се повикува генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш да започне со ефиксани и сеопфатни реформи на институцијата.
Со документот се бараат промени во структурата на ОН, укинување на непотребните работни места и намалување на трошоците, кои според американската Администрација, се премногу големи.
Според Хејли, главни теми околу реформите за кои ќе се расправа на средбата ќе бидат реорганизацијата на Советот за човекови права на ОН и намалување на трошоците за мировните мисии.
Рускиот претставник во ОН, Виталиј Небензја, од своја страна, изрази резерви кон американскиот предлог и нагласи дека е можно Русија да не ја потпише Декларацијата.
- Не сум сигурен дека ќе ја потпишеме Декларацијата. Многу од идеите што се изложени во неа, секако дека се важни и се дел и од предлозите на генералниот секретар, но ОН не можат да се реформираат со декларации, изјави Небензја.
Тој потенцира дека ниту САД, ниту која било група држави, не ќе можат да спроведуваат реформи во ОН без согласност на сите земји членки.
При најавата на средбата, Хејли одби да прецизира дали Вашингтон ќе продолжи со сегашното ниво на финасирање на ОН, имајќи пред вид дека Трамп во неколу наврати изјави дека САД покриваат преголем дел од трошоците на Светската организација. Според Вапингтон, САД обезбедуваат 22 проценти од средствата во Буџетот на ОН и 30 отсто од трошоците за мировните мисии.
Хејли најави и дека во текот на целата следна недела Трамп ќе има средби со „лидери од Европа, Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка“’, како и дека во обраќањето на Генералното собрание не светот ќе му ја изнесе својата недворешно-полиитчка визија.
Ново на Сител
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратенички прашања во Собранието