Предложен притвор за 25 годишен скопјанец - осомничен дилер на марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– На 21 ноември, откако при личен претрес кај осомничениот биле пронајдени 10,69 грама марихуана, бил извршен претрес и во домот во кој престојувал на улицата „Прашка“. Таму полициските службеници пронашле уште 525 грама марихуана во повеќе помали пакувања, две дигитални ваги, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле прибавени со илегална препродажба на дрога, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
