Предупредувања за екстремни горештини за над 100 милиони Американци, поплави и торнадо на источниот брег

Над 100 милиони Американци од 15 држави од југозападот до југот и југоистокот, од Аризона до јужна Флорида, се под предупредувања за екстремни горештини, додека за 80 милиони, или четвртина од вкупната популација на САД, температурата на воздухот викендов нема да попушти под 40.5 степени Целзиусови, јавуваат од Националата метереолошка служба.
Во Кентаки и Северна Каролина пак се забележани поројни врнежи и торнадо.
Во Феникс деновиве дневните температури се над просечните и се движат над 43.3 степени, додека ноќните не попуштаат под 36.1 степени со закани по животот за многу кои неможат да се изладат во текот на ноќта. Претходниот рекорд бил во 2003 година кога ноќната температура изнесувала 35.6 степени. Најави за повлекување на топлотниот бран нема и за во текот целата идна недела, јавуваат службите.
Во сојузната држава Кентаки се забележани поројни дождови и поплави. Во Северна Каролина, во градот Роки Монт синоќа имало торнадо при што била оштетена фабрика за лекови на „Фајзер“. Kомпанијата извршила безбедна евакуација на вработените без настрадани, јавуваат дел од американските медиуми.
Се прогнозираат поројни дождови и врнежи од 25 кубни саниметри во Кентакии, Илиноис и Мисури во регионот на вливот на реките Охајо и Мисисипи.
Утре и в сабота невремето се очекува да се придвижи кон североисток се до регионот Нова Англија.
Медиумите јавуваат за смртта на мајка и петгодишно дете во Конектикат во вторникот, откако биле однесени од прелеано корито на река. Во југоисточна Пенсилванија пак, продолжува потрагата по две деца кои измнатиот викенд се изгубиле после ненадејна поплава.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
