Предвремени претседателски избори во Јужна Кореја
Јужнокорејците гласаат за нов претседател, а гласањето ќе заврши во 20.00 часот по локално време. Резултатите ќе бидат соопштени на 10 мај.
Одлуката за одржување на предвремени избори, беше донесена откако конзервативната претседателка Пак Гуан-хе беше отстранета од функцијата, а потоа и уапсена, поради корупциски скандал.
Според социолошките истражувања, најголеми шанси за добивање на претседателските избори има поранешниот лидер на Демократска партија „Тобуро“ Мун Џе-ин. Тој ужива поддршка од 42,2 проценти.
По него, со голема разлика се Ан Чиол-су од централистичката Народна партија и конзервативецот Хонг Џун-пио од Корејската партија на слободата. Двајцата уживаат поддршка од по 18,6 проценти.
На изборите учествуваат 13 кандидати, но според социолозите шанса за победа имаат само тројцата фаворити.
Над 11 милиони лица веќе го дадоа својот глас, користејќи го правото за предвремено гласање што се одржа в четврток и петок.
Во Јужна Кореја се регистрирани 42,5 милиони гласачи.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа