Предвремените избори во Хрватска закажани за 11 септември
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска ги закажа предвремените Парламентарни избори во Хрватска за 11 септември, откако вчера стапи во сила одлуката за распуштање на Саборот, јави Хина.
Ова ќе бидат деветти парламентарни избори од независноста на земјата во 1991 година.
На изборите хрватските граѓани ќе треба да изберат 151 пратеник, од кои 140 во 10 изборни единици во земјата, тројца ќе бидат избрани од Хрватите во дијспората, а останати осуммина ќе ги бираат претставниците на националните малцинства во Хрватска.
Последните парламентарни избори во Хрватска се одржаа на 8 септември 2015 години, но поради распадот на владината коалиција меѓу блокот предводен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и партијата Мост и неможноста да се формира ново парламентарно мнозинство, Саборот донесе одлука за самораспуштање.
Ново на Сител
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите