Прегазен пешак во Чаир

Едно лице утрово го загуби животот откако во него удри возило опел астра“, соопшти полицијата. Незгодата се случила во Чаир, во 6:50 часот, на улицата „Ќемал Сејфула“ во близина на крстосницата на улиците „Вуковар“ и „Крсте Арсенов“.
Возилото било со скопски регистарски таблички, а го управувал граѓанин на Скопје, додека пешакот, роден 1948 година, е од Велес.
По незгодата пешакот бил пренесен со возило на Брза помош во Ургентниот центар каде по извесно време им подлегнал на повредите.
Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле уште 14 сообраќајки од кои четири завршиле со полесни телесни повреди кај тројца возачи, двајца сопатници и еден возач на мопед, додека девет се со причинета материјална штета.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци, а Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Централното основно училиште „Круме Кепески“ и во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода.
Во 18 и 19 часот, пак, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки поради спортските натпревари на Националната арена „Фили Втори Македонски“ и во СЦ „Јане Сандански“.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
