Loading Video...
Свет
10. August 2024 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Над 100 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во израелскиот напад рано утрово, врз Газа. Ракети завршија во училиште во Газа, каде биле засолнети раселените луѓе.

Нападот врз Палестинците се случил токму кога се извршувала утринската молитва, а по нападот ниту лекарите не можеле да стигнат до сите тела поради големите урнатини.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека нејзините воздушни сили гаѓале командно-контролен центар каде се криеле борците на Хамас.

Хамас пак нападот го класифицираше како ужасно злосторство и сериозна ескалација.

Израел го започна својот напад врз Газа, откако борците на Хамас упаднаа во јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, и заробувајќи повеќе од 250 заложници, според израелските податоци. Оттогаш, речиси 40.000 Палестинци се убиени во израелската офанзива во Газа, според палестинското Министерство за здравство, кое не прави разлика меѓу борци и цивили.

 

Полицијата уапси четири лица во Белград. Тие се осомничени дека планирале да предизвикаат голем неред, како и насилство на големиот протест закажан за денеска, чија цел е да се сопре ископувањето на литиум.

Тие планирале денеска да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и неред на протестот во Белград, со кој подготвувале напад врз уставниот поредок, тоа се гледа од нивната кореспонденција. Лицата ќе бидат предадени на обвинителството за понатамошно постапување, изјави првиот човек на српското МВР Ивица Дачиќ за медиумите.

Денеска истекува и рокот, што организаторите на протестот и го дадоа на српската влада, за да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

Преходно и шефот на државата Вучиќ во јавноста соопшти дека од руските служби добиле предупредување дека се очекуваат масовни немири во Србија.

„Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена преку официјални канали. Ние се справуваме со тоа, одговорна е БИА, а луѓе специјализирани за тоа во Владата и на сите други места си ја вршат својата работа. Но за тие што замислуваат дека нешто ќе постигнат на сила – нема. Србија неуморно оди напред, не можат и нема да ја спречат и никој никогаш нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите, луѓето не мора да се грижат“.

Новиот бран протести доаѓа по одлуката на Владата на Србија на 16 јули да продолжи со проектот за изградба на рудник за литиум во долината Јадра, бидејќи претходно го стопираше во 2022 година.

 

Тридневна жалост во Бразил, по вчерашната катастрофална авионска несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа сите патници и екипажот во леталото. Вкупно 61 лице на број го изгубија животот.  За среќа, нема повредени жители во населбата кадешто се урнал авионот. Оштетен бил само еден дом. Властите го ставија под контрола пожарот од авионот, по што се уште трае постапка за индентификација на жртвите.

Според информациите на компанијата Воапес, авионот полетал од Каскавел, во државата Парана, а се урнал во градот Винхедо, што се наоѓа на 80 километри од Сао Паоло.  Се уште не е позната причината за авионската несреќа, но експертите ја започнаа истрагата. Тамошните медиуми велат дека мразот е потенцијална причина за несреќата, но други надлежни велат дека е рано за проценки.

„Она што го видов беа остатоците од авионот, остана само кабината. Ги видов дури и видеата што ми ги испратија од телото како гори таму. Видов и многу луѓе кои упаднаа во станот за да снимаат видеа“, Петро, сведок

„Кога го слушнав звукот на паѓањето на авионот, погледнав низ прозорецот дома и го видов моментот кога се урна, како падна. Истрчав од куќата и отидов да видам каде падна и видов дека паднал во куќата на неколку постари луѓе. Ги знаевме и од црква, и затоа, преплашен и не знаејќи што да правам, го прескокнав ѕидот“, Луиз Инасио Лула де Силва, сведок

Телефонските линии на компанијата се отворени 24 часа, за да се дадат информации за сите патници, роднини и соработници.

Имало и околу десетина патници кои биле спречени да се качат во авионот, а си извадиле карти. ТОНСКО 2ЦА ШО НЕ СЕ КАЧИЛЕ

Човеку, тоа е толку огромно чувство. Овде се тресам, нозете ми се тука... само Господ и јас бевме свесни за овој момент“, патник што не се качил на авионот

„Се расправав со работник од авионот оти не ме пушташе да влезам. За среќа, ми го спаси животот“

Сликата на местото на несреќата, се уште е застрашувачка. Погребални возила, пожарникари, полицајци и специјалци работат на расчистување на случајот.

Ова е најтешката авионска несреќа во светот од јануари 2023 година, кога 72 лица загинаа кога авион на Џети ерлајнс во Непал се урна при приближување кон земјиштето.