Свет
18. April 2016 - 8:50

Преговорите за Сирија би можеле да доживеат неуспех

Главниот преговарач на сириската опозиција Асад Зуби ги повика бунтовниците да и возвратат на сириската армија, која ја обвини дека го користи договорот за прекин на непријателството за освојување на територии.

Во пораката, објавена преку интернет, Зуби се закани дека нема да учествува уште долго во преговорите во Женева доколку продолжат акциите на владините сили и ако не дојде до напредок околу клучното барање на опозицијата за политичка транзиција во Сирија, без претседателот Башар ал Асад.

- Нема да останеме уште долго во преговорите... Во случај на ракетен напад тие мора да се одмаздат со 10 ракети, истакна Зуби.

Истата порака ја испрати и Мухамед Алуш, кој во преговорите ја претставува најголемата бунтовничка група „Џаиш ел Ислам“.

- Одговорот треба да биде одмазнички, со што режимот нема да помисли да напаѓа цивили. Не сметам дека ова е повик за ескалирање на насилството, туку е повик за самоодбрана, истакна Алуш.