Прекината 135. седница, гласањето за законот за ЈО на продолжението кое дополнително ќе биде закажано

Пред почетокот на 136. седница, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 135. седница, а продолжението, рече, дополнително ќе биде закажано.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски веднаш потоа побара Предлог-законот за ЈО да се стави на гласање за неговата партија, како што објасни, да не биде проблем во реформскиот пат на земјава. Мицевски посочи дека има доволен број пратеници во салата за да се гласа.
По барањето на Мицевски, Џафери уште еднаш повтори дека ја прекинува 135. седница и дека продолжението ќе биде дополнително закажано.
Собранието продолжи со 136. седница на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се тргнат од дневен ред разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и предлог-измените на Законот за лични карти. Тие воедно се пожалија дека се силува Деловникот.
Покрај овие две точки, пред пратениците во рамки на 136. седница се и Предлог-законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родени, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
