Македонија
15. November 2024 - 12:37

Прекината блокадата на кочанската депонија

Граѓаните од Кочани ја прекинаа блокадата на крстосницата кај селото Бели, каде 18 дена го контролираа пристапот кон градската депонија за комуналните возила од општините од регионот.

Во образложениито за ваквата одлука, од Одборот на граѓанската иницијатива за протестот нагласуваат дека даваат доверба на Локалната самоуправа, откако Советот на Општината на последната седница даде едногласна поддршка на барањето да не се носи отпад од другите општини на кочанската депонија.

Во моментот, според одлуката на Советот на Општина Кочани, единствена надлежност за депонирање има КЈП „Водовод“ и истото ќе управува само со отпадот на територијата на општина Кочани, истакнуваат од Одборот во писменото соооштение до јавноста.