Прекината комисиската седница за европски прашања, се расправаше за Предлог-законот за парнична постапка
– На продолжението на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, членовите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повторија барањето на заседанието да присуствува министерот за правда Никола Тупанчески за, како што рекоа, да образложи „зошто со 520 членови сака да се донесе целосно нов закон за парнична постапка под закрила на европско знаменце и скратување на постапката“.
Кога потпретседателката на Комисијата, Арта Биљали-Зендели го повика на собраниската говорница претставникот на предлагачот, државниот секретар во Министерството за правда Мухамед Точи да го образложи законското решение, пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорница и не го оставија да зборува. На говорницата цело време стоеше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска и по дадената пауза од 10 минути од потпретседателката на Комисијата. Ласовска полемизираше со Биљали-Зендели околу тоа по кој член се повикува дека пратеник, член и заменик на член на Комисија дека нема право на збор.
Потпретседателката ја прекина денешната седница, откако Ласовска не ја ослободуваше говорницата, барајќи да и цитира член според кој пратеник на друг пратеник може да му одземе збор.
Заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова истакна дека жали што на попладневниот дел од седницата не присуствува претседателот на Комисијата Арбер Адеми, бидејќи, како што рече, очекува одговор околу толкувањето на Деловникот во делот каде што се дава процедурално да се пријави член, заменик член на оваа Комисија или друг заинтересиран пратеник.
– Нашите главни забелешки за продолжувањето на оваа Комисија ги покажавме на почетокот на седницата и остануваме да се држиме на истите забелешки: ненавременото закажување на оваа комисија, се прегледуваат точки од дневен ред кој што е усвоен на сила, ставени се предлог на закони на кои што не им е местото во Комисијата за европски прашања. За вакви законски решенија мора да има поголема расправа и дискусија со стручни лица од засегнатите страни, да бидат вклучени судии, нотари, адвокати, извршители итн., но и дебата помеѓу политичките партии со цел да се спречи еднострано предложување на ова законско решение, рече Панова.
На барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на седницата да присуствува министерот Тупанчески, потпретседателката на Комисијата, Арта Биљали-Зендели го повтори одговорот на претседателот Арбер Адеми дека не е задолжително присуството на министерот кога законското решение е во прво читање, туку во второ читање. На забелешката зошто оваа законско решение е ставено на дневен ред на Комисијата за европски прашања, таа рече дека ниту таа, а ниту Адеми не ги земаат законите кога доаѓаат во Архива и да кажат дека на оваа Комисија ќе биде разгледан одреден закон, туку законите се делегираат до нив.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот