Преку интернет продавал се уште непостоечки модел на телефон на „Сони“

Сознанието дека денес преку интернет може да се купи или да се продаде се или речиси се, не е никава новост.
Но, еден оглас преку интерент за продажба на мобилен телефон, веројатно ги надмина сите досега познати понуди.
Имено, минатата недела еден Хрват на популарна хрватска интернет страница за продажба, објави оглас дека продава мобилен телефон „Сони Експирија Ф833Икс“ за сума од 3.500 куни (речиси 480 евра).
Навидум ништо невообичаено, освен еден „мал детал“ - „Сони“ се уште официјално не го ни промовирал овој телефони, ниту ги објавил неговите спецификации, а камо ли да може да се најде во продажба.
Веста за оваа „понуда“ веднаш се прошири низ социјалните мрежи и хрватските медиуми, по што огласот беше отстратнет од интернет страницата.
Според најавите од „Сони“, „Експирија Ф833Икс“ најверојатно ќе биде промовиран следниот месец.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
